Најавното видео за спектакуларниот iPhone X

Apple го објави официјалното доаѓање на новиот член во семејството – iPhone X, за време на презентацијата во Театарот Стив Џобс во Купертино, Калифорнија.

Од компанијата велат дека футуристичкиот дизајн е голем чекор нанапред од оригиналниот iPhone на кој навикнавме, па се надеваат дека ќе ги постави стандардите за напредок на технологијата во следната декада.

Новиот модел ќе чини 999 долари и ќе биде пуштен во продажба на 3-ти ноември. Предвремените нарачки ќе може да се прават од 27-ми октомври.

„Со iPhone 10, мобилниот ќе ви биде заклучен додека не го погледнете и тој не ве препознае. Ништо не било поедноставно, поприродно и со помалку напор. Го нарекуваме фацијално препознавање. Фацијалното препознавање е иднината за отклучување на мобилните и заштитување на нашите чувствителни информации,“ вели маркетинг специјалистот Фил Шилер.

Ова е видеото со кое главниот дизајнер на Apple, Џони Ајв ја претстави идината на iPhone.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 5 =