Ако некогаш сте патувале во странство, најверојатно сте барале некои услуги за водење да го запознаете место каде што престојувате. Сепак, Македонците измислија многу поинтересен начин да го направат тоа.

Група програмери од Македонија создадоа нова апликација за поврзување на туристи на Балканот со локалните жители кои се подготвени да ги споделат своите искуства со нив.

„Сметаме дека нешто во туристичката индустрија недостасува”, вели Антонио Кузмановски, еден од основачите на апликацијата  „When in X”.

„Со „When in X”го решаваме проблемот со туристите, но и ја отвораме шансата локалните луѓе да ги нудат своите услуги без да плаќаат за промоција”.

Засега апликацијата функционира само во Македонија, но целта на нејзините креатори е да ја користат низ целиот Балкан и да ја прошират на остатокот од Европа до крајот на 2019 година.

Достапно во продавницата на App Store и Google Play Store.