Apple го претстави смартфонот на иднината – iPhone X

Во Театарот Стив Џобс во Калифорнија беа презентирани и новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus, Apple Watch Серија 3 и Apple TV 4K

Големата ѕвезда на денешниот настан на Apple е јубилејниот iPhone X, но iPhone 8 и 8 Plus заедно со него имаат доволно подобрувања за да го заслужат своето место.

„Со години работиме и креираме неверојатни иновации, за денеска да можеме да ви претставиме нови, огромни iPhone новости“, возбудено изјави Тим Кук, додека ги претставуваше двата нови модели.

Она што ќе биде поинакво – телефоните ќе имаат целосно стаклено куќиште, подобрени стерео-звучници со 25 проценти посилен звук, подобрена камера со 12 мегапиксели и дополнителни ефекти за слика, нов процесор А11 бионик.

Новите модели на Епл, ќе имаат можност за безжично полнење на батеријата.

Како што рекоа од Епл, со новиот Ајфон 8 плус, снимањето на видео- материјал, е единствено од ваков вид и со најдобар квалитет кај кој било паметен телефон досега.

Ајфон 8 ќе се продава по цена од 699 долари и со меморија од 32 гигабајти, додека Ајфон 8 плус со меморија од 64 гигабајти, ќе чини 799 долари.

Покрај новите модели на Ајфон 8 и Ајфон 8 плус, Епл го претстави и новиот модел Ајфон Икс (iPhone X) или Ајфон 10.

Ознаката “X” доаѓа од римскиот број кој значи 10. Ова се случува на 10- годишнината од излегувањето во продажба на првиот Ајфон, кога се појави како прв паметен телефон во светот.

Новиот Ајфон (iPhone X) ќе има целосно стаклено куќиште, но поголем екран којшто практично се протега преку целиот телефон. Големината на екранот ќе биде 5,8 инчи.

Телефонот ќе поседува и сензор за препознавање на лице, што ќе служи за отклучување.

Ајфон 10 ќе се продава по цена од 999 долари, за меморија од 64 гигабајти.

Пред објавувањето на новата направа, Епл го претстави и новиот часовник Apple Watch Серија 3. Најголемата надградба на часовникот е можност за поврзување на мобилната мрежа. Како што беше објавено претходно бројот на часовникот е ист со оној на телефонот.

Неколку нови апликации доаѓаат на Apple Watch. Apple Music и Beats ќе ја донесат библиотеката на Apple директно на часовникот. Дополнително надградбата на Siri овозможува новa поедноставна функционалност.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 4 =