Повеќето луѓе додека се на компјутер социјалната мрежа Фејсбук главно ја користат со помош на маусот. Но, оваа друштвена мрежа воведе можност да се користи и со помош на тастатурата.

Погледнете кои комбинации ќе ви овозможат брзо и лесно отворање на саканата содржина на Facebook:

Alt+1 – враќање на почетната страна

Alt+2 – преглед на Тајмлајн

Alt+3 – покажување на листата на пријатели кои ви испратиле барање

Alt+4 – приказ на листата на пораки

Alt+5 – отворање нотификации

Alt+6 – отворање на опцијата за конфигурации

Alt+7 – отворање на опцијата за средување на личните информации

Alt+0 – Корисничкиот центар на Facebook

Alt+m – креирање на нова порака

Alt+? – пребарување