„Игра на тронови“ и како видеоигра

Фановите на хит-серијата „Игра на тронови“ се секогаш желни за нешто ново. Додека да ја дочекаат последната, осма сезона, ќе можат и самите да влезат во Вестерос преку новата видеоигра.

Ворнер брос и ХБО најавија дека наскоро ќе биде промовирана нова видеоигра, исклучиво за мобилни телефони, а базарина на случувањата од серијата. Видеоиграта ќе се вика „Игра на тронови: освојување“.

Во описот на играта стои:

„Оваа игра им дозволува на учесниците самите да се најдат во улогата на владетели на некое од моќните семејства во Седумте кралства. Нивната главна цел е да навигираат низ опасните политички пејзажи на Вестерос и да седнат на Железниот трон. Во текот на играта ќе видат и познати лица, меѓу кои и Тирион Ланистер, Џон Сноу и Денерис Таргеријан.

Играта е веќе отворена за предрегистрација. Сите оние кои ќе се регистрираат пред нејзината официјална промоција ќе имаат посебни поволности – дополнителна опрема, моќи, злато и ресурси кои нема да им бидат достапни на подоцнежните корисници на играта.

Официјалниот датум на промоцијата не е познат, но се очекува да се појави пред крајот на годината, а ќе може да се симне преку Ап стор и Гугл плеј стор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =