Знаете ли како изгледа звукот?

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа звукот? Има ли звукот воопшто некој изглед? При тоа, не мислиме само на музиката, туку на било каков звук – клик, вдишување, удар.

Токму со тоа се занимава Зак Либерман од School for poetic computation од Њујорк. Тој ја осмисли и ја напиша „звучната карта” во реално време и тоа благодарение на ARKit и отворениот код.

При создавање на „апликацијата”, ако така можеме да ја наречеме, Либерман користеше SLAM – симултана локализација и мапирање кое ги поттикнува сензорите и камерата на паметниот телефон и да создаде карта на просторот во кој се наоѓа.

Токму благодарејќи на таа карта на просторот, Либерман може точно да забележи каде кој звук се случува и како се шири низ просторот. „Апликацијата” го бележи звукот, го процесуира и визуелизира и илустрира на точното место каде се случил во просторијата.

Како што појасни за Wired, на екранот се гледа звук кој е најблизок до местото каде се наоѓа паметниот телефон.

Но, „апликацијата” е далеку од совршена. Се уште не може долго да ја помни локацијата, ни изгледот на звукот, а не ни знае дека уредот се наоѓа, на пример, во Париз. Либерман тоа не го смета за недостаток, туку простор за дополнителен развој.

Иако на прв поглед „апликацијата” не изгледа претерано возбудливо, пружа едноставно и транспарентно искуство на проширена реалност и што се може да се направи со неа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + ten =