Ако сте од оние луѓе кои наутро не го слушаат будилникот или го слушаат но го игнорираат, тогаш за вас е изумот на Симон Гирц. Станува збор за аларм кој не само што ќе ѕвони навреме, туку ќе се осигура да станете од креветот.

Симон Гирц е девојка која создава роботи кои делуваат смешно, па дури и нивниот ефект е честопати повеќе шеговит отколку практичен и ефикасен.

Еден од нејзините роботи е и будилникот со гумена шака. За да ја исполни својата цел, будилникот се монтира на ѕид над местото од креветот каде ви е главата при спиењето.

Извор: N1info