YouTube конечно ја активира најбараната опција од корисниците

Корисниците на  iOS и Android долго време ја чекаа оваа опција од YouTube.

Корисниците на овие платформи најмногу ја бараа опцијата што Google дури сега им ја овозможи – избор на брзината на репродукција на видеото. Оваа опција е со години достапна за десктоп-компјутерите, а од 10 септември ќе биде достапна и за корисниците на YouTube-апликации на споменатите платформи.

Интервалот со кој ќе може да се забави, односно забрза репродукцијата на снимката е од 0,25х до 2х, а овозможената опција ќе биде достапна за сите  корисници на  iOS и за корисниците на оперативниот систем Android 5.0, како и понов оперативен систем.

„Во текот на забрзувањето или забавувањето на репродукција го усогласуваме бројот на рамки во согласност со звукот на видеото. Видеоснимките не се нужно сортирани хронолошки, па за видеото да остане синхронизирано со звук, видеодекодерот мора да работи побрзо од рамката во која се прикажани сликите на видеото“, објаснува  Google.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 4 =