Тинејџерите ја обожуваат оваа апликација, а Цукерберг веќе создава копија

Екипата која на почетокот на 2015 година преку апликацијата Meerkat го покрена трендот на видеопренос во живо на социјалните мрежи сега има нова хит-апликација која, според зборовите на тинејџерите, би можела да им биде опасна конкуренција на „Фејсбук“ и на „Снепчет“.

Houseparty е апликација за видеоразговори со повеќе корисници, која стана толку популарна што во „Фејсбук“ работат на нејзина копија и уште есенва би можеле да ја добиеме апликацијата Bonefire со слични опции.

Иако бројот на корисници на Houseparty не е голем во споредба со „Снепчет“ и особено со „Фејсбук“, ја користат околу 20 милиони корисници, претежно тинејџери, кои поминуваат многу време на неа. Колку за споредба, додека корисниците на „Снепчет“ поминуваат во просек околу 30 минути дневно, а на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Месинџер“ околу 50 минути, просечното време на користење на Houseparty е околу 51 минута.

Овој тип апликација Закерберг го смета за интересен бидејќи ги опфаќа двата најголеми трендови на социјалните мрежи – видеоразговори и поврзување на групи пријатели.

За разлика од „Инстаграм“ и „Снепчет“, во јавноста не се појавија информации за тоа дека „Фејсбук“ е заинтересиран да ја купи оваа апликација, туку веднаш се одлучија да развијат конкурентска апликација.

Сима Систани, една од основачите на Houseparty, вели дека младите ја сакаат нивната апликација бидејќи на неа можат да бидат тоа што се, а не некои разубавени и филтрирани, односно лажна верзија за јавноста, за разлика од, на пример, „Фејсбук“, каде што голем број корисници објавуваат статуси и фотографии само за да ги импресионираат пријателите и да се покажат во поинакво светло.

Останува да видиме дали бројот на корисници на оваа апликација ќе расте и дали ќе влијае врз Bonefire, која „Фејсбук“ наскоро ќе ја претстави.

Извор: Tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + 2 =