Редок феномен: Бахамите останаа без океан (Видео)

Разорната моќ на ураганот Ирма доведе до тоа водата на крајбрежјето на Бахамите да се повлече многу повеќе откоку претходно, откривајќи го калливото дно.

-Не можам да поверувам. Ова е Лонг Ајленд на Бахамите, и водата од океанот исчезна, напиша еден корисник на социјалната мрежа Твитер.

Друг корисник објави фотографиjа од празна плажа на друга локација на Бахамите и напиша дека водата се вратила за помалку од 24 часа.

Ураганот Ирма кој го погоди островот во петокот беше толку силен што го замени изгледот на океанот на Лонг Ајленд така што ја вшмука водата од океанот.

Сепак, експертите проценуваат дека до недела навечер повторно се ќе се врати во нормала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − 11 =