Познат роман на Џорџ Орвел станува видео игра

Еден од најпопуларните  романи со критика кон тоталитаризмот „Животинска фарма“ (Animal Farm) ќе најде нов живот во дигиталниот свет во форма на видео игра. Романот е на британскиот писател Џорџ Орвел, кој излезе во далечната 1945 година, најпрво како критика на управувањето на Сталин во СССР, а подоцна искористен како алегорија за редица други диктаторски режими во светот.

Сега независен тим од програмери и дизајнери работат на нова видео игра базирана на книгата, која ќе им овозможи на гејмерите да се претворат  во жителите на злобна фарма и да се втурнат во настаните од романот кои доведоа до револуција на животните, предводени од свињите. Адаптацијата сепак ќе им обезбеди можност да играме и во име на земјоделецот Џонс и останатите жртви на настаните. “Особено важно за читателите и гејмерите е да можат да се идентификуваат како со угнетувачите, така и со угнетените” – рече Имре Жиле, еден од програмерите. Екипата вклучува специјалисти, кои работеле на проекти како “Fable”, “The Witcher 3” и “Gambitious”, но сите се обединети во  интересот кон романот на Џорџ Орвел и желбата да го направат достапен за младата публика.

Извор: Локално.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =