Оваа куќа во форма на превртена пирамида, во еден руд во руралниот дел на Шпанија, е вила која навистина ги поместува границите, и од која се пружа епски поглед на околната шума и базенот кој се наоѓа веднаш до неа. Встинската идеја на проектантот е всушност да поттикне размислување зза комуникацјата на објектот со своето опкружување.

Токиската компанија  Makoto Takei + Chie Nabeshima / TNA го проектирала овој објект како контраст на пејсажот. Пирамидата инаку сесостои од простории дефинирани во рамките на неколку полукатови и платформи. Големите прозорци обезбедуваат доволно природна светлина и убав поглед кон шумата. На горниот кат има три спални соби. Косите надворешни ѕидови и ѕидовите со различна височина го прават просторот попростран и попроветрен.