Четири начини за полнење на смартфонот кога нема струја

Веројатно некогаш ви се случило да останете без струја, а истовремено да ви се испразни и батеријата на мобилниот телефон. За среќа, можете да здивнете затоа што сега постои решение и на овој проблем.

Својот мобилен телефон секогаш полнете го со оргинален полнач, но ако баш се најдете во тесно, можете да ги испробате и следните методи.

Резервна батерија

Преставува најлесен и најефикасен начин за полнење на мобилните телефони без полнач. Резервните абтерии можете да ги наполните однапред кога имате напојување, а потоа ги употребувате за напојување на телефонот и другите уреди доколку на располагање немате струја. Може да се купат и преку интернет или специјализирани продавници.

Соларни панели и полначи

Благодарение на овој мал уред, можете да го наполните телефонот со помош на соларна енергија. Едноставно раширете ги панелите и свртете ги кон сонцето за да првин го наполните самиот уред, што би требало да трае околу 10 часа, а потоа можете да го наполните и телефонот. Тоа е многу исплатлива варијанта, побезбедна од резервните батерии затоа што не бара струја за полнење.

Рачен лост

Овој уред е најсоодветен начин за енергија на вашиот телефон. Повеќето лостови се со речиси иста големина колку паметниот телефон и имаат рачка која се повлекува за да го наполните телефонот. Полнењето на телефонот на овој начин бара многу работа – поточно три часа.

Воздушна турбина

Двајца електричари го дизајнирале првиот преносен полнач што на сопствениците им овозможува да ги полнат мобилните со помош на ветер. Уредот се поставува така што се извлекуваат алуминиумските ножеви и се рашируваат на рамна површина во вид на триносач.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × three =