Компанијата творец на играта Angry Birds ќе биде вредна 2 милијарда долари

Финската компанија Rovio која е творецот на популарната игра Angry Birds планира да излезе на берза за да може со собраните пари да се врати на ниво на раст кое го одржуваше седум години после лансирањето на играта.

Како што најави компанијата, во иницијалната јавна понуда мнозинскиот акционер Кај Хед кој држи околу 70% од акциите заедно со некои од останатите акционери ќе го продадат својот дел од акциите. Покрај тоа, компанијата дополнително ќе понуди нови акции во вредност од 30 милиони евра.

Ако компанијата навистина биде проценета на 2 милијарда долари како што предвидуваат аналитичарите, Кај Хед на листата на милијардери на Bloomberg ќе има мрежа вредна 1,4 милијарда долари што е одлична вест за него ако се земе предвид дека пред десет години влегол во компанијата со инвестиција од 1 милион евра.

Парите од излегувањето на берзата во Хелсинки ќе ѝ послужат на компанијата Rovio за финансирање на вториот филм од серијалот Angry Birds кој треба да излезе во 2019 година. Првиот филм кој беше пуштен во дистрибуција минатата година заработи околу 350 милиони долари.
Извор: Poslovni.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =