iPhone му донел 760 милијарди долари на Apple

Приходите на Apple од продажба на iPhone изнесуваат 760 милијарди долари од 2007 година, кога првиот главен модел излезе, до второто тромесечје од 2017 година, според студијата Strategy Analytics.

Откако го промовираше својот прв iPhone, Apple има продадено 1,2 милијарди единици на пазарите ширум светот. До крајот на 2018 година, приходите од продажба на iPhone се очекува да надминат 1 трилион долари.

Во август оваа година. Apple објави раст на приходите од 7% за третиот квартал. Речиси две третини од приходите за овој период доаѓаат од iPhone – компанијата продаде околу 41 милион паметни телефони во вредност од 24,85 милијарди долари.

Следната недела Apple се очекува да го објави својот нов iPhone 8 или iPhone X, според некои прелиминарни информации. Овој модел ќе ја одбележи 10-тата годишнина од уредот и доаѓа со значајни промени во дизајнот. Цената на новиот уред најверојатно ќе биде над 1.000 долари поради технолошките подобрувања.

Се уште нема индикации дека продажбите на iPhone 8 ќе започнат во септември. Можно е компанијата да го одложи нивниот старт за октомври.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 4 =