Словенечки стартап собра 10 милиони долари инвестиции за само 5 минути

Viberate, словенечки стартап и истоимена платформа наменета за поврзување на музичарите, агентите и организаторите на концерти која ќе функционира на принцип на исплата на хонорари во криптовалути, во првичната понуда на сопствената криптовалута наречена Vibe успеа да собере 10 милиони долари во само 5 минути. Станува збор за традиционалната иницијална јавна понуда но со понуда на криптовалута.

Инвеститорите покажале невиден интерес без рaзлика на тоа што се работи за стартап кој работи само две години. Стартапот ќе работи на креирање база на податоци и преку анализа на податоците од влијанието на маркетиншките активности на популарноста на музичарот ќе создаваат корисни аналитички информации.

Моментално имаме мрежна база на податоци и своевиден екосистем од 120 000 музичари и 50 000 музички настани. Сакаме да креираме профил за сите кои се дел од музичката индустрија, а потоа да ги поврземе на заеднички пазар и да им дадеме алатки за интеракција со помош на криптовалутата“, изјавил еден од основачите Васја Вебер.

 Моментално се фокусирани на маркетиншка кампања за претставување на најголемите светски ѕвезди, а веќе потпишале договор за соработка со Роби Вилијамс и Линкин Парк.

Дополнително велат дека целта им е да предизвикаат еволуција на музичката индустрија и моменталниот бизнис модел и да креираат нов стандард во музичкиот свет. Вебер порачува дека Viberate.com ќе биде нешто што секој сериозен музичар ќе треба да го користи.

За сега имаат дваесетина вработени, а идејата за започнување на ваков бизнис ја имале со години. Планираат да заземат централно место во индустријата на организирање на големи музички настани.

Извор: Poslovni.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − five =