Досега беше невозможно без рендген или други скапи методи да се утврди каде во телото се наоѓаат ендоскопите. Светлото на ендоскопот наместо да помине низ телото, се одбива од ткивата и од органите. Поради тоа беше речиси невозможно да се утврди точната положба на ендоскопот.

Новата камера која ја направија експерти користи напредна технологија за да детектира одделни честички на светлината – фотони. Експертите во силиконски чип интегрираа илјада детектори на фотони. Таа технологија е толку осетлива што може да детектира мали трагови од светлина кои поминуваат низ ткивата.

Новата технологија може да го детектира ивремето потребно за светлината да помине низ телото, што на камерата и овозможува да детектира распрснато светло. Така овој уред може да ја одреди точната локација на ендоскопот. Можноста да се одреди локацијата е многу битна затоа што може да се движи со минимален ризик.

Проектот е дел од Меѓудисциплинарната истражувачка соработка Proteus, која резултираше со многу револуционерни нови технологии за лечење и дијагноза на болести на белите дробови.

Извор: Zimo.hr