Голем број корисници на iPhone не знаат колку батерија трошат поедините апликации инсталирани на нивниот скапоцен уред. Оперативниот систем на Apple има интересна опција која тука може да ви помогне.

На дното на менито „Battery Settings” ќе го пронајдете нивото на потрошувачка на сите ваши апликации. Во менито можете да ја следите потрошувачката низ минатите 24 часа или седум дена. Ако притиснете на иконата на часовникот покрај секоја од апликациите ќе видите колку време која апликација поминува активно, односно во позадина.

Апликциите како Music, Photos и Messages (iMessages, SMS и MMS) користат многу помалку батерија од убијците како Facebook, Twitter и Pokemon Go.

Кој ја штеди, а кој ја троши батеријата?

Safari е единствен исклучок од ова правило, но и неговата потрошувачка варира зависно од тоа на што трошите и колку трошите интернет.

Единствен важен знак за аларм е всушност апликацијата која троши 30 отсто батерија во рамки на 24 часа, односно 25 отсто секоја недела. Ако оваа апликација не ви е важна или ако сте при крај со батеријата, настојувајте да ја користите што е можно помалку.