Според аналитичките извештаи на компанијата Market Share од каде што обработиле осум месеци од оваа година, Windows 7 и натаму е најпопуларен оперативен систем на пазарот со вкупен удел на пазарот за оперативни системи од 48,64%.

На второто место следува Windows 10 со 26,39% удел на пазарот, додека на третото место е одамна „пензионираниот“, но се уште прилично активниот Windows XP со 7,14% удел на пазарот. Доминацијата на Microsoft меѓу водечките пет најпопуларни оперативни системи ја заклучува Windows 8.1 со 6,65% удел на пазарот, додека на петтото место се најде Mac OS X 10.12 на Apple со 3,27% удел на пазарот.

Многумина се прашуваат во што е тајната на оперативниот систем Windows 7, односно зошто Windows 10 нема водечка позиција на пазарот, после сите обиди на Microsoft да го наметне како прв избор. Windows 7 според многумина и натаму е најстабилниот и најдобар оперативен систем кој што го користат голем број на поединци, но и компании и јавни установи.

Поради тоа, одредени корисници очигледно не сакаат да го менуваат тоа што веќе добро ги служи и со што немаат никакви проблеми, посебно ако зборуваме за поединци кои што не се многу информатички „потковани“.