Coca Cola успеа да го редефинира рекламирањето на билборд, со нивниот најнов 3D роботски билборд, поставен на Тајмс Сквер во Њуjорк. За разлика од стандардните билборди, или огромните дигитални монитори, овој билборд е направен од 1.760 независно-движечки LED екрани.

Секој LED екран се движи во кореографија со рекламата, со надеж дека ќе им го привлече вниманието на над 300.000 туристи и останати луѓе кои поминуваат овде.

„Уште на почетокот нашата цел беше да постигнеме момент на пауза и освежување во гужвата на Тајмс Сквер,” изјави Kim Gnatt, директор за бизнис стратегии на Coca Cola Америка.

„3Д технологијата успева да ги оживее рекламите на толку уникатен начин. Се надеваме дека новиот билборд ќе успее да им го привлече вниманието на луѓето и да ги натера да сакаат да се вклучат подолго време.”

Овој билборд е многу повеќе од светлечка реклама, тој е испрограмиран за секој ден од годината и за секое време од денот. На пример, веднаш пред ручек билбордот прикажува храна и јадења кои одат добро со Coca Cola.