iPhone 8 ќе биде претставен на 12-ти септември, а судејќи според се’ што досега можеше да се пронајде како информација во врска со овој паметен телефон, тој ќе изгледа релативно слично како и останатите топ модели на преостанатите познати производители.

Сепак, овој телефон поседува една исклучителна предност, а тоа ќе биде проширената реалност, а најдобар показател за тоа е позицијата на двојната камера. Додека кај поголемиот дел од телефоните е поставена хоризонтално, кај најновиот модел под логото на Apple двата објектива би требало да се најдат еден под друг.

Според пишувањата на магазинот Forbes, тоа е така токму поради VR ефектот којшто функционира значајно подобро кога објективите се во иста хоризонтална рамнина, а факт е дека за таквите апликации (на пример Pokemon Go) телефонот почесто го користиме во исправен облик.

Тим Кук претходно оваа година и изјави дека реалноста којашто телефонот треба да ја опфати е голема колку и самиот екран и дека секое унапредување во овој сегмент има за цел да ги подобри нашите животи и тоа во значајни размери.