Twitter има темна страна, еве како да ја активирате

Twitter од денеска воведува ноќен режим на работа на својата десктоп верзија со цел да се намали напорот на очите на корисниците кои ги посетуваат во доцните часови. Откако ќе го вклучите ноќниот режим на работа (Night Mode), белиот Twitter на кој сте навикнале се менува во темно сина, додека црниот текст се претвора во бел со цел страницата да дојде до израз. Секако, тука се и низа други промени кои ќе помогнат да се истакне целата темна колор шема.

Како да се активира?

За да го активирате темниот режим на работа на десктоп компјутер или лаптоп, само кликнете на својата профилна слика која се наоѓа во горниот десен агол од екранот и таму притиснете „Night Mode“.

Исклучувањето на темниот режим работи идентично како и неговото вклучување – со помош на менито кое се наоѓа на вашата профилна фотографија. Оваа опција полека се шири помеѓу корисниците, што значи дека постои шанса да не ви биде достапна веднаш. Но, како што велат, трпението е

Промена на дизајнот

Ноќниот режим на работа е добредојдена промена за Twitter кој во својот нормален режим навистина знае да им наштети на очите. Ноќниот режим веќе некое време е достапен на Twitter апликациите на Android и iOS.

Додека некои корисници со душа го чекаа ноќниот режим, други прашуваат кога ќе можеме да видиме твитови кои можеме да ги уредуваме.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − eight =