Пред точно 17 години на светскиот пазар беше претставен Nokia 3310, најиздржливиот телефон на сите времиња. Со продадени 126 милиони парчиња, истовремено, тој е и еден од најпродаваните телефони во светот.

Телефонот кој пред многу години „ги поврзуваше луѓето“ одамна замина во вечноста, пред се заради појавата на „паметните телефони“. Тој доби и ново издание – Nokia 3310 (2017), но побарувачката за овој телефон е минимална.

Пред Nokia 3310 компанијата го продаваше моделот 3210, а како наследници на култниот модел се појавија уште седум модели, вклучувајќи го и оној од 2017 година, но никој од нив не го повтори успехот на оригиналниот 3310.