Неуништив телефон со батерија која трае 44 дена

CAT S41 e робусен и еластичен паметен телефон со батерија со голем капацитет, за постојано да бидете во контакт, без обзир на студ, вода, жештини или падови.

CAT S41 е наменет за корисниците кои работат во градежништвото, земјоделството, безбедноста или тешката индустрија или учествуваат во рекреативни активности како лов, риболов, велосипедизам или планинарење.

Во срцето на CAT S41 се наоѓа можна батерија со капацитет од 5.000 mAh која издржува 44 дена во режим на чекање или до 38 часа разговор, што е корисно кога денот ќе ве однесе некаде каде нема да бидете во можност да го наполните својот уред. Батеријата е доволно силна да полни и други уреди, преку функцијата за делење на батеријата, која го претвора телефонот во Power bank.

CAT S41 е базиран на традицијата на CAT телефоните за креирање робусни уреди со карактеристики за работа во тешки услови, вклучувајќи сертификати IP68 за водоотпорност и отпорност на прашина. Направен е да преживее падови на бетон од висина од 1,8 метри, од било кој агол. Исто така, тестиран е за водоотпорност на длабочина од 2 метри за повеќе од еден час и е во состојба да издржи топлотни удари. Дисплејот е заштитен со најновoто Corning Gorilla стакло и има камера која може да се користи и под вода.

Оперативниот систем е Android Nougat, има 3GB RAM, 32 GB ROM, Media Tek octa-core 2.3 GHz чипсет, камера со резолуција од 13 мегапиксели и предна камера од 8 мегапиксели. Дисплејот е со големина од 5 инчи.

Препорачаната цена на CAT S41 почнува од 449 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 1 =