Mitsubishi Electric, мултинационалниот производител на технологија, го најави лансирањето на Mitsubishi Kirigamine FZ, односно клима-уред опремен со вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција веднаш ја одредува собната температура, температурата надвор и доларната радијација која во собата навлегува однадвор. Со помош на тие информации ештачката интелигенција ги прилагодува двата вентилатори и нуди идеално искуство за корисникот.

Уредот е опремен и со сензор за инфрацрвени зраци кој ги скенира рацете и стапалата на корисниците кога ќе влезат во собата за да ја детектира нивната температура и да знае со која температура ќе се чувствуваат удобно. Доколку повеќе луѓе стојат во собата, вештачката интелигенција врз основа на инфрацрвеното скенирање ја прилагодува температурата за на сите да им биде пријатно.

 Засега Mitsubishi Electric има во шест различни модели на Kirigamine FZ достапни во Јапонија. Моделите имаат цена која се движи од 3.000 до 4.200 долари, а за остатокот од светот ќе бидат достапни од 1 ноември годинава.