Смартфоните на Nokia произведени од HMD Global ќе бидат надградени со најновата верзија на Android 8.0 Oreo, потврди продукт менаџерот на компанијата, Џуно Сарвикас.

Тој ја соопшти информацијата како одговор на барањата на клиентите за политиката на компанијата во однос на ажурирањата на софтверот. Тој потврди дека сите паметни телефони ќе добијат Android Oreo, вклучувајќи ја и Nokia 3.

Тековната вест се вклопува со политиката на компанијата за навремени надградби на уредите: основните верзии на Android + надградби за безбедност.

Сарвикас не објави конкретни датуми за ажурирањата на различните модели, но рече дека повеќе информации ќе бидат достапни наскоро.

Најверојатно, првото ажурирање ќе биде за предводникот Nokia 8, проследен со уреди од среден опсег, како што се Nokia 6.