Сурфањето на интернет, гледањето видеа, часовите поминати на Facebook… сето ова го јаде интернет сообраќајот од вашиот пакет.  Kои се начините да ја намалите потрошувачката?

Со правилен избор на апликации, Android може значително да ја намали потрошувачката на пренос на податоци. Ова се некои до апликациите кои ќе ви помогнат во тоа.

Opera Max

Opera Max e бесплатна апликација за виртуелни приватни мрежи (VPN) која ја намалува потрошувачката на преносот на податоци и до 50%. Кога некоја од вашите апликации ќе се поврзе на интернет, врската се пренасочува кон серверите на Opera, каде податоците се компресираат пред вашиот смартфон да ги преземе. На располагање ви се и низа опции за заштита на приватноста. Во случај кога некоја од вашите апликации ќе се поврзе на интернет, таа врска ќе биде пренасочена преку серверите на Opera каде што ќе бидат компримирани пред да ги преземе вашиот смартфон.

Opera и Opera Mini

Двата прегледувачи на Opera работат на сличен начин како и апликациите за VPN на таа компанија, само со податоци на вебот. Пребарувачот Opera ја нуди функцијата Opera Turboкоја ги компресира веб-страниците, вклучително и фотографиите и видеозаписите. Пребарувачот се базира на Chromium, па затоа ги обработува страниците исто како пребарувачот Хром на „Гугл“, само што поседува и дополнителни функции. Opera Turbo може да ги компресира содржините и до 50 проценти, а Opera Mini –до десет проценти.

Facebook Lite

Главната официјална апликација на Facebook е позната по тоа што има големи побарувања кога станува збор за трансфер на податоци. За среќа, можете да ја замените со полесна верзија, наменета за паметните телефони со послаби можности. Можете да ја проверите и бесплатната апликација Friendly for Facebook, која го нуди мобилното издание на веб-дестинацијата на „Фејсбук“ со повеќето очекувани функции, но со помала потрошувачка на промет на податоци.

NetGuard

NetGuard е апликација која ви дава целосен надзор над тоа која апликација се поврзува со интернет и кога го прави тоа.