Xiaomi Mi Mix 2 веќе се наоѓа во масовно производство, со оглед на тоа дека официјалното претставување на телефонот се очекува на 12. септември. Ова претходно го потврди Извршниот директор на компанијата, а сега се појавија неколку нови нацрти на уредот. Како што е видливо на фотографиите, телефонот има една единствена видлива рамка, во дното на уредот.

Во долната рамка е сместена предната камера, но долната рамка е некако помала од онаа што ја имаше оригиналниот Mi Mix дизајн. Исто така, новиот модел има вистински дизајн со заоблени рабови. Xiaomi Mi Mix 2 би можел да биде еден од најимпресивните уреди во оваа година, барем кога е во прашање screen-to-body односот.

Кога се во прашање карактеристиките на телефонот, се очекува Snapdragon 835 чипсет, 6.2-инчен AMOLED дисплеј со резолуција 2960х1440 пиксели, 6 GB RAM и 4400 mAh или 4500 mAh батерија. Сите точни спецификации се очекуваат на 12. септември.