Издавачите и Google имаат проблематичен однос со години бидејќи најпознатиот Интернет пребарувач на светот е обвинет дека падот на читаноста и продажбата на изданија во светот. Ова до некаде има смисол бидејќи на Google News можат да се прочитаат насловите на најновите вести без воопшто да се отворат содржините.

Поради ова, Google започна да тестира алатки за претплата со кои на корисниците ќе им се овозможи да плаќаат за читање на содржините.

Овој чекор носи поголема корист за издавачите бидејќи читателите во дигиталниот свет не се навикнати да плаќаат за информации. Тестирањето започнува за содржините на New York Times и Financial Times, светски познати медиуми кои успешно функционираат и покрај дигиталната претплата.

Моментално не е познато како ќе се одвива тестирањето, но целта е преку огласување да се понуди шансата за претплата на одреден медиум и при тоа да се плати со некој од методите на Google, што значи плаќање со еден клик.

Google дополнително експериментира и со тоа во првите резултати од пребарувањето да се појавуваат прво содржини кои се плаќаат, а потоа бесплатните содржини. На овој начин, корисниците на кои плаќањето не им е проблем би платиле за содржина наместо да губат време барајќи бесплатна содржина. Но уште сега се предвидува дека овој чекор ќе заврши лошо и за Google и за издавачите.

Извор: Факултети.мк