Првата зграда на познатиот полски архитект Даниел Либескинд во Берлин е интересно обликуван објект кој буквално го чисти околниот воздух. Зградата наречена „Сафир“ е обложена со геометриски плочки, кои се обложени со слој од титаниум диоксид кој ја разложува нечистотијата кога е изложена на сончеви УВ зраци, пишува ArchPaper.

Иако не е сина, зградата црпи инспирација од обликот на сафирот, по кој и го добила името. Исто како и овој скапоценет камен, и новата зграда во Берлин има коси површини кои ја прават фасадата интересна и невообичаена. Сепак, уште поинтересна информација е дека оваа фасада, помага на еколошкиот аспект на локацијата каде што е поставена.

Фасадата е обложена со 3.600 плочки на италијанската компанија Casalgrande Padana, од кои само 500 се со стандардни големини, додека сите други се направени по мерка. Секој плочка е внимателно поставена според замисла на архитектот, и овој процес не бил ни малку едноставен. За тоа му требале цели четири месеци.

Премазот на база на титаниум диоксид ја има развиено јапонскиот „ТОТО“, и е сличен на „Херомат“ кој го развиле експерти од Технолошкиот факултет во Нови Сад.

Поради карактеристичните фасади и апартманите се сосема невообичаени. Во нив доминираат коси прозорци, балконски врати кои не се паралелни со ѕидовите и слични нешта кои внесуваат динамика во просторот, но станарите мораат да ангажираат дизајнери на ентериери за да им ги решат становите.

Горните катови се резервирани за станови, додека на приземјето ќе има комерцијален простор. За сите станари е обезбеден паркинг во подземната гаража.