BenQ во својата понуда на монитори додаде нов 1080p модел, со ознака GL2580HМ. Мониторот има 24,5-инечн TN LED панел (со ултра тенка рамка). Мониторот поддржува изворна резолуција од 1920 х 1080 пиксели и нуди контраст 1000:1.

Осветлувањето на мониторот е 250 cd/m2, има 5ms GTG одзив и агли на гледање од 170/160 степени. Во мониторот се вградени стерео звучници (2 x 1W), а од приклучоците се присутни 1 x D-Sub, 1 x DVI-D и 1 x HDMI порт.

BenQ GL2580HM во продажба ќе се најде по цена од околу 150 евра.