Samsung на Тајланд официјално го објави новиот телефон со две камери на задната здрана – Galaxy J7+. Телефонот има дуал камера систем со 13MP+5MP сензори, како што сугерираа гласините од претходните денови.

Samsung Galaxy J7+ има 5.5-инчен Full HD Super AMOLED екран во алуминиумско куќиште. Интересно е дека телефонот го покренува Mediatek Helio P20 чипсет, а не некој од моделите на Samsung Exynos. Спецификациите на телефонот не споменуваат конкретно име на чипсетот, но се знае дека се работи за 2.4 GHz модел.

Највпечатлива разлика меѓу основниот „Galaxy J7“ (2017) модел и „Galaxy J7+“ е во тоа што вториот ќе има двојна задна камера која ќе биде со сензор од 13-мегапиксели и отвор на блендата од „f/1.7“ и секундарен сензор од 5-мегапиксели со отвор на блендата од „f/1.9“. Од предната страна се наоѓа 16-мегапикселна камера со отвор на блендата од „f/1.9“.

Вреди да се истакне дека „Galaxy J7+“ содржи и карактеристики кои досега беа достапни исклучиво за премиум моделите на оваа компанија, како што е на пример виртуелниот асистент „Bixby“ и отклучување на уредот со препознавање на лицето.