Од некоја сосема необјаснива причина, Microsoft и Amazon одлучија да ги здружат своите виртуелни помошнички Cortana и Alexa, за да можат слободно меѓусебно да разговараат. Овој брак би можел да има влијание и на iOS.

Знаете за оној виц кога две виртуелни помошнички ќе влезат во кафуле и ќе почнат да разговараат? Таво сценарио досега беше незамисливо, бидејќи виртуелните помошнички никогаш меѓусебно не комуницираа. Меѓутоа, Microsoft и Amazon одлучија да ја закопаат воената секира, и да ги спријателат своите – индивидуално и различно развиени – помошнички.

 

Секако, овој спој најдобро ќе функционира на производите на овие две компании. Корисниците на Windows 10 во иднина ќе можат лесто да и пристапат на Cortana, и обратно – Amazon Echo, Echo Dot и Echo Show лесно ќе можат да ја повикаат Cortana. Меѓутоа, со оглед на тоа дека Cortana е достапна на iPhone, а Alexa може да се најде на апликацијата на Amazon, дури и корисниците на iPhone можат да извлечат корист од овој брај. На пример, наредбата

Cortana, отвори ја Alexa

може совршено добро да функционира. Секако, ниту една помошничка не е толку интегрирана со производите на Apple како Siri, па оваа наредба нема да вроди со плод, ако само ја викнете во правец на Home екранот.

 

Од друга страна, можете да си играте како Кристофер Нолан:

Siri, отвори ја апликацијата Cortana”, па потоа кажете „Cortana, отвори ја Alexa”

Сепак, тоа е малку бесмислено, како и целата оваа работа – ако можеме да бидеме искрени. Единствено што може да го објасни овој потег е дека и на овој начин помошничките меѓусебно ќе си помагаат.

ИЗВОР: iMagazin.mk