Холандски научници од Тилбургскиот универзитет го определија максималното времетраење на човечкиот живот. Специјалистите утврдиле дека мажите можат да живеат до 114,1 година, а жените – до 115,7 година Тие стигнале до овој заклучок, анализирајќи го времетраењето на животот на повеќе од 75 000 жители на Холандија, починати во изминатите 30 години на возраст над 94 години.

Научниците откриле исто така, дека за периодот од 1986 година до 2015 година максималното времетраење на животот не се зголемила. Така тие го направиле заклучок дека е достигната граница на долговечноста на луѓето.

Рекорд во должина на животот држи Французинката Жана Калман, која починала на возраст 122 година и 164 дена.