Заради поголема безбедност на туристите, но и на жителите на австралиското крајбрежје, властите во Австралија наскоро воведуваат надзор со дронови кои ќе прелетуваат преку водата и ќе детектираат ајкули.

Дроновите познати како „Литл Риперс“ (Little Rippers) ќе бидат програмирани да разликуваат ајкули од поголемите риби и други слични суштества – делфини, китови, како и од пловилата. Откако ќе ја детектира ајкулата, дронот преку мегафон веднаш ги алармираат присутните на плажата. Овој метод e веќе тестиран минатата година.

– Луѓето, преку анализата на снимките од воздух, можат да ги забележат ајкулите со прецизност од 20, 30 отсто. Дроновите пак, можат да препознаат ајкули со прецизност од дури 90 отсто, објаснува истражувачот од сиднејскиот Технолошки факултет, Набин Шарма.