Тимот од трите лица Пеги Витсон, Џек Фишер и Фјодор Јурчихин се вратија безбедно на Земјата по 288 дена во вселената, пренесе Би-би-си.

Aстронаутот на НАСА Пеги Витсон и двајцата членови на екипажот во саботата слетаа со падобран во Казахстан, со што таа има кариера од вкупно 665 дена во вселената, рекорд на САД.

Таа постави повеќе други други рекорди додека беше во орбитата: најстара космонаутка на светот, со 57 години и најискусна жена космонаут, со 10. Таа исто така стана првата жена која двапати ја командуваше вселенската станица по нејзиното лансирање минатиот ноември.

Космонаут Федор Јурчихин оствари уште повеќе време во вселената: 673 дена во текот на пет мисии. НАСА астронаутот Џек Фишер се врати по 136 дена. Тие полетаа во април.

Ова беше емоционално збогување за Витсон, Јурчихин и Фишер. Пред да се повлечат во својата капсула Сојуз МС-04, тие се поздравија со тројцата колеги што ги оставија зад себе во комплексот од 400 километри.