Temi е робот кој ќе им помага на неговите сопственици во секојдневните активности, а наместо глава – има екран. Ние би го опишале како робот на тркалца кој се вози низ вашиот стан и наместо глава има таблет.

Основната идеја зад овој уред е олеснувањето на гледањето телевизија, пуштањето музика, повиците – без потреба за поврзување со телефон.

Temi можете да го прашате и за некој рецепт за јадење, а роботот ќе го најде и прикаже на екранот додека корисникот готви.

Роботот треба да биде подготвен за испорака до крајот на наредната година, а цената ќе му биде околу 1.500 долари.