IFA 2017: Претставен лаптопот Lenovo 720 Yoga

Покрај поголемиот Yoga 920 лаптоп, Lenovo во текот на IFA саемот го претстави и помалиот модел – Yoga 720. Лаптопот има 12.5-инчен IPS дисплеј, со 1080p резолуција (не постои 4К опција како кај 920 моделот) и anti-glare заштита. Yoga 720 го поддржува оригиналниот Lenovo Active Pen.

Lenovo Yoga 720 моделот е можно да се конфигурира со седмата генерација Intel Core чипови (до i7 моделот), 4 GB со 12 GB DDR4 RAM, како и 128 GB до 512 GB SSD. За аудио поддршка тука се Harman звучниците и дигиталниот микрофон.

Батеријата на лалптопот трае до 8 часа, а уредот го карактеризира тежина до 1,15 килограми. Конективните опции вклучуваат еден USB-C и еден регуларен USB 3.0 порт.

Lenovo Yoga 720 на пазарот ќе се најде од октомври, а цената не е објавена.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − seven =