Компанијата Samsung на IFA 2017 саемот во Берлин претстави три нови професионални екрани: CH89 (заоблен модел со дијагонала од 34 инчи)CH80 (заоблен модел со дијагонала од 27 инчии SH85 (рамен модел со дијагонала од 23,8 и 27 инчи).

Моделите CH89, CH80 и SH85 пристигнуваат со интерфејс USB C кој овозможува лесно поврзување како и оптимизирана остrина на сликата и приказ на боја во резолуции: “Ultra WQHD“ (CH89), “Full HD“ (CH80) и “WQHD“ (SH85). Овие екрани исто така се одликуваат со тристран дизајн без рамки, додека CH89 и CH80 и понатаму го зголемуваат ефектот на отсуството на рамки со својата заоблена структура од 1800R. Новите иновативни решенија, овие компактни екрани дополнително ослободуваат простор на работните места и го намалуваат одржувањето.

„Денешните професионалци не можат да си дозволат да губат време работејќи во сложени системи со повеќе екрани, или да вложуваат претерани напори да пристапат кон потребната содржина. Со својот јасен, истовремен приказ на содржина, нашите екрани CH89, CH80 и SH85на ефикасен начин овозможуваат доволно простор за прегледување повеќе документи, без пречки“. – изјави Сеог-ги Ким (Seog-gi Kim), Извршен Потпредседател на Дивизија за Екрани во компанијата Самсунг.