NASA работи на дизајнирање на ровер кој за пресметките би користел „старовремска“ механика под интензивни услови кои би ја испржиле скоро секоја електроника.

Тој би се користел на Венера, најтоплата планета во Сончевиот Систем, чија просечна температура на површината е 462°C. Покрај тоа, притисокот на површината е за 90 пати поголем од оној на Земјата, а корозивните облаци од сулфруна киселина ја прават планетата уште толку понепристапна за класичната електроника која ја користи, на пример, Кјуриосити роверот на Марс.

Ваков ровер наменет за екстремни опкружувања (AREE – Automaton Rover for Extreme Environments) започнал да се развива уште во 2015 од механичкиот инженер Џонатан Саундер од NASA, кој вели дека комплетно механички ровер можеби би издржал до една година во услови како на Венера, што е одлично во споредба со останатите досегашни обиди.