Компанијата „SanDisk“ произведе „microSD“ картичка со досега најголем капацитет, која воопшто не е евтина.

Првата „microSD“ картичка со капацитет од 400 гигабајти ќе започне да се продава во септември по цена од 249,99 долари.

Толкавиот капацитет им овозможува на корисниците на неа да складираат 35 часа „full HD“ видено снимки, наведува „Mashable“.

Токму поради тоа, „SanDisk“ својот нов производ го рекламира како идеален за камери и фотоапарати, како и за играчки конзоли.

Картичката овозможува трансфер на податоци со брзина и до 100MB во секунда, што значи дека корисниците ќе имаат можност на пример за пренос на околу 1.200 фотографии за само една минута.

Oваа картичка ќе им понуди нови можности на професионалните и аматерските сниматели кои за снимање користат дронови, на корисниците на „GoPro“ камерите и на фановите на „Nintendo Switch“ конзолата.