Илјадници Американци секојдневно на Google пребаруваат кои се симптомите на депресијата, како се лечи депресија и слично, што ја поттикна компанијата Гугл да воведе тестирање за клиничка депресија.

 

На сите кои во скора иднина на Google ќе напишат „депресија”, ќе им биде понуден прашалник преку кој ќе можат да дознаат дали се во депресија. Новата опција на Гугл прво ќе биде достапна во Америка, а потоа и во цел свет. По пишувањето на зборот „депресија” на врвот на Гугл ќе се појави опција „проверете дали сте клинички депресивни” со клинички валиден тест кој ќе се нарекува PHQ­9.

„Прашалникот не подразбира давање на медицинска оценка за психичката состојба, туку има намера корисниците да ги насочи да посетат лекар ако откријат симптоми на депресија” – објасни портпаролот на Google, Сузан Гадреча.

Тестирањето на депресијата преку Google, ќе биде целосно приватно.  „Резултатите на PHQ­9 тестот можат да помогнат на луѓето повеќе да се информираат за нивната состојба пред да разговараат со лекар. Луѓето кои имаат симптоми на депресија како што се анксиозност, несоница или замор, често чекаат од шест до осум години да почнат со лечење” – велат од Националната алијанса за ментални болести која го креираше прашалникот PHQ­9 во соработка со Google.