Непознати хакери разбија сметки на голем број познати личности на социјалната мрежа “Инстаграм”, соопшти ТВ компанијата Си Ен Ен.

Според нејзини податоци компјутерските пирати успеале да ги преземат електронските адреси и телефонски броеви. Тие сепак не успеале да украдат и лозинки на погодените корисници.

Претставник на социјалната мрежа потврди пред ТВ каналот дека има пробив во сметките, но не откри конкретни имиња на сопственици на електронски поштенски сандачиња.

Наводно напаѓачите искористиле слабо место во интерфејсот на социјалната мрежа. Претставници на “Инстаграм” истакнаа дека проблемот веќе е отстранет.