YouTube подготви неколку промени и ги објави вчера. Од дизајн до функции, и десктоп-верзијата и мобилната апликација добија значителни ажурирања. Ова се некои од новостите.

Црвеното копче за репродукција е преместено од делот „tube“ во логото на самиот почеток. Обрнете внимание на новиот фонт и боја.

Под препорачаните видео-снимки, воведен е материјал на „Google“. Естетскиот дизајн исто така е поразличен – помалку црвена боја, повеќе бел простор и повеќе позиции за видео-снимки.

Десктоп верзијата на „Youtube“ значително се промени во последните 12 години, од нејзиното настанување. Дури и изгледот на мобилната апликација е променет. Има повеќе бели позиции, додека црвениот банер на врвот го нема.

Покрај новиот дизајн на апликацијата, две популарни функции од десктоп верзијата, ноќниот режим и можноста за контрола на брзината, сега ги има и на апликацијата.

На крај, на мобилната апликација од сега можно е прикажување на вертикална снимка преку целиот екран. Меѓутоа, оваа опција се уште не е достапна за сите корисници, пишува „The Verge“.

Новото лого кое го става акцентот на копчето за „Play“.

Нов изглед за десктоп-компјутерите. Помалку црвено, повеќе бел простор и повеќе простор за видео-сликичките.

Десктоп-верзијата на „Јутјуб“ се промени доста во изминативе 12 години.

И мобилната апликација доби промени – повеќе бел простор и без црвен банер најгоре.

Конечно, мобилната апликација добива адаптивен плеер што може да прикаже вертикално видео без тие црни делови од страната. За жал, не сите корисници ќе ја имаат оваа опција.