Nintendo планира да го зголеми производството на Switch конзолата

Конзолата „Nintendo Switch“ е недостапна за купување, откако многу трговците успеаја да ја продадат. Неодамна „GameStop“ изјави дека врши продажба преку договори кои ќе се испорачуваат во рамките на неколку дена. Сега „Nintendo“ изјави дека ќе го зголеми производството на хибридната конзола, подготвувајќи се за секогаш зголемената божиќна шопинг сезона, пишува „Game Spot“.

„Правиме се што е можно за да се увериме дека секој кој сака да го купи системот „Nintendo Switch“’, ќе може да го направи тоа“, коментираат од „Nintendo“. „Ќе ја засилиме продукцијата за празничниот период кој е предвиден во нашата прогноза“, дополнуваат од компанијата.

Официјално „Nintendo“ планира да продаде 10 милиони конзоли „Switch“ на трговци до крајот на фискалната година која завршува на 31-ви март 2018-та година. Според одредени извори, запознаени во синџирот на снабдување, тврдат дека треба да се подготват за производство на 18 милиони примероци. „Еден од директорите на снабдувачки синџири изјави дека неговата компанија е подготвена да се соочи со темпото на производство, ако биде побарано“, напиша „WSJ“.

До 30-ти јуни „Nintendo“ има продадено 4,7 милиони примероци „Switch“ низ целиот свет. Акциите на „Nintendo“ ја зголемуваат вредноста со 50% од излегувањето на конзолата во март. Благодарение на големи наслови како „Super Mario Odyssey“ и во позадина на очекувањата за божиќната сезона резултатите на компанијата може да се подобрат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + 3 =