Google во соработка со компаниите кои работат на безбедноста на интернетот пронајде стотици малициозни апликации на Play Store.

По пронаоѓањето на големиот број вирусни апликации, Google ги блокираше поради што не можат веќе да се преземаат. Сепак, оние кои ги инсталирале некои од нив би требало што побрзо да ги избришат.

Апликациите на прв поглед делувале потполно легални и влегувале во разни категории, а биле над 300. Истражувачите велат дека инфицирани се преку 70 илјади уреди.

Апликациите на многумина им краделе податоци од телефонот, но и вршат напад дури и кога не се во употреба или телефонот е заклучен.

Тие објаснуваат дека сите заразени апликации не се однесуваат исто, па апелираат да не се преземаат сомнителни апликации кои на корисниците им спамуваат реклами.