На сите им се познати веб-страниците што автоматски ги вчитуваат видеоклиповите, кои освен што се нападни, често имаат и силен звук.

Токму затоа Google ја тестира новата опција што на корисниците ќе им овозможи да ги „замолчат“ овие страници.

Гласните веб-страници со години ги нервираат корисниците, но сега со новата опција ќе можат да им стават крај. Опцијата е доста едноставна за користење. Сè што треба да направите е да кликнете на иконата „Security“, сместена десно од името на веб-адресата, а потоа да ја изберете опцијата „mute“.

Забраната за звук ќе трае сè додека самите не одлучите да ја исклучите. Целта на оваа опција е, освен да ја намалите вревата, да се натераат веб-страниците да не користат алатки за автоплеј на видеата.