Веќе со месеци наназад се шпекулира за револуционерните перформанси на најновиот модел, но и за неговата цена којашто овојпат ќе биде значајно повисока за разлика од останатите модели.

Њујорк Тајмс според свои извори тврди дека најновиот модел на паметен телефон под логото на Apple, iPhone 8, ќе чини 999. на 12 септември во новиот објект Стив Џобс Театар во рамките на новиот кампус на компанијата, Apple Park.

Со оглед на фактот дека идејата за купување на паметен телефон за илјада долари е доволно вознемирувачка, Apple имал на ум дека би требало сепак да се задржат на троцифрен износ.

А она што засега се знае е тоа дека новиот iPhone 8 ќе има и поголем 5,8 инчен екран, подобра резолуција на екранот, но не и препознатливото Home копче. Исто така, она што се претставува како револуционерен напредок е фактот дека телефонот автоматски ќе препознава лица, што ќе претставува и систем за отклучување на телефонот.