Википедија можеби не е секогаш најпрецизниот и најдобриот извор на информации, но е секако добредојден и често корисен. Дури и кога немате Интернет конекција, можете да ја симнете целосната содржина од веб страницата.

Википедија креира можност за симнување на нивните информации на регуларна основа. Тоа е достапно за секој што сака да ги користи податоците.

Целокупниот фајл со податоци во моментов е компресиран во само 14 гигабајти, а некомпресирано изнесува 58 гигабајти. Се што треба да направите е да ја посетите веб страницата и да го симнете целокупниот материјал и да го зачувате на вашето USB или компјутер.

Можеби сега мислите дека ова не ви е потребно, но сигурно некогаш ќе ви се најде базата на податоци која ќе ја зачувате. Симнете ги материјалите на следниот линк.