Mobdro: Гледајте ги сите Arena Sport канали во HD – БЕСПЛАТНО

За издвојување се и многубројните бесплатни канали за гледање филмови и серии, како на пример Sky Movies, HBO, Action Movie, FOX, CBS Drama и други.

Со причина производителите во последно време создаваат смартфони со се поголем екран. Пред некое време се случи таа пресвртница, кога сфативме дека гледањето на видео содржини на нашите џебни миленици не само што е можно, туку и пожелно. Уште на првите паметни телефони што имаа екрани со помала дијагонала, постоеа секакви апликации кои дозволуваа гледање филмови, серии, телевизиски канали.

 

Што се нуди?

Ќе ви ја препорачаме апликацијата Mobdro. Исполираната, функционална, богата со содржини и пред се бесплатна апликација за Android паметните телефони, таблети, смарт телевизори го донесува сето наведено. Функционира на начин што на корисникот му нуди голем број live-stream канали категоризирани според жанр. Самиот број на канали е масивен, но и покрај тоа е екстремно функционална и едноставна за користење.

Како да се дојде до апликацијата?

Апликацијата нема да ја пронајдете на Google Play Store бидејќи услугата која ја нуди не е во согласност со некои правила на споменатата Android продавница. Но, можете да ја пронајдете на веб адресата http://www.mobdro.com. По преземањето на апликацијата, стартувајте го симнатиот фајл за да ја почнете инсталацијата. Во голем број на случаите, вашиот паметен телефон ќе ве предупреди дека морате да ги вклучите непознатите извори во поставките на безбедноста, што и ќе го направите. Упатството за инсталација ќе го пронајдете на овој линк.

По самата инсталација и стартувањето, Mobdro ќе ви ги претстави и предностите на Premium верзијата на апликацијата. Она што е најпримамливо, сигурно е отстранување на рекламите, но ова можете да го добиете и бесплатно ако знаете како да го забрзате и исчистите вашиот Android телефон.

Користење

Под споменатата примамлива понуда за Premium можностите, се наоѓаат категории меѓу кои има сигурно по нешто за секого. Со изборот на категорија ќе добиете листа на канали кои можете да ги пребарувате и преку клучни зборови. Со притискање на каналот автоматски се стартува stream-от, а со самото тоа и вашето уживање. Посебно ќе бидат задоволни спортските фанови, бидејќи на располагање се сите популарни канали (Arena Sport 1,2,3,4, Sky Sports 1,2,3,4, сите канали на SportKlub, Liverpool TV, Chelsea TV, Nba TV, NBC sports, Eurosport), кои инаку не можете да ги добиете без плаќање и работат перфектно. За издвојување се и многубројните бесплатни канали за гледање филмови и серии, како на пример Sky Movies, HBO, Action Movie, FOX, CBS Drama и други.

Листата на сите канали достапни на Mobdro ќе ја пронајдете на следниот линк.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =